0000

Едноставност на природата, спој на вода и копно, имитација на прегратка на она место каде овие два елементи го градат брегот – истовремена психичка прегратка и блискост на две индивидуи кои се соочуваат со работ на сопственото детство – во услови на различна возраст, различен пол, различен јазик… а истовремено, со заедничка несреќа кои ќе ги поврзе за навек.

,,Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот тунел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт.. А ПОТОА, ПОВТОРНО ЖИВОТ!”

Денес, со распаднат брак и починат син позади себе, стануваат таргет на судбоносен настан од непознат ранг кој би имал значење за нивниот заеднички живот, настан кој докажува дека во животот постојат нераскинливи врски, имуни на просторот и времето, имуни на Х фактори од (не)реален карактер. Да се биде доволно паметен, доволно успешен, доволно убав, доволно талентиран, доволно посветен… но, дали сето тоа вреди, ако немаш со кого да го поделиш? Што следи и што вреди потоа?

А потоа…?

Грчовит психолошки трилер за една изгубена душа низ урнатините на овој живот, согласно понудениот откуп за истата… но, по која цена? Дознајте од оваа незаборавна приказна за љубовта и напнатото патување во непознатите сфери што се очекува со кнедла во грлото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвои на своето | Nikolai Zinoviev
Следна објаваПотсетник за животот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ