Michael Willfried Voynich, полски историчар, библиофил и антиквар е човекот познат по своето откртие наречено”Voynich manuscript”, поточно Војничев ракопис, мистерија која до денес останува неоткриена. Ни најдобрите научници и криптографи не можат со сигурост да откријат на кој јазик е тој напишан.

Војничев ракопис, мистерија која до денес останува неоткриена.

Илустрираниот ракопис кој е откриен во 1912 година се содржи од 272 страници. Според научните истражувања се смета дека тој е направен посебен вид на пергамент кој се користел во времето на раната Ренесанса во XV век(1404-1438) во Северна Италија. Мистериозната содржина на овој ракопис побуди голем интерес во литературните кругови, па така се напишани и многу книги посветени на истоимената мистерија.

Денес овој ракопис може дда се најде во библиотеката на Универзитетот Јеил, кад ево 2016 е објавено комерцијално издание со есеи во тврд повез.

НЕМА КОМЕНТАРИ