Како да се облечете ако сакате да сокриете некој килограм вишок?

Зголемувањето на телесната тежина е нешто што ги мачи повеќето од нас. Неколку вишок килограми не се проблем за вашето здравје, но кога дебелината е прекумерна, тоа навистина може да има негативно влијание врз вашето здравје.

Кога станува збор за облекувањето, најважно е да знаете како со облеката да ги истакнете најдобрите делови од вас, а помалку репрезентативните да ги скриете.

Подолу можете да прочитате три модни совети како со облека визуелно да креирате витка линија.

1. Комбинација на светли и темни бои – носете темна облека на делот од телото во кој не сте сигурни, а посветли бои на деловите од телото кои сакате да ги нагласите.

2. Носете облека која дава силуета односно струкирана облека, бидејќи таквата облека визуелно може да ја стесни вашата линија.

3. Монохроматски изгледи особено “all black” се идеални за визуелно стеснување на линијата.
СПОДЕЛИ
Претходна објава”Voynich manuscript”-Неоткриената мистерија
Следна објава(Интервју+Фото) Марија Каева- Ретка убавина на македонската музичка сцена
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ