marinaВо крајна линија, каков вид на наука е, можноста да се испрати човек на Месечината, а неможноста да се постави по едно парче леб на масата пред секое човечко суштество?

Рационално скокотка Зафон во својот бестселер „Марина“, вгнезден во срцето на Барселона. Вонреден наративен тек и карактери од кои ќе Ви трепери срцето и кои ќе Ве држат во романтично расположение во овој мозаик на љубов, трилер, мистерија, ужас и хорор – се тоа, препишано на Барселона. Уживање за сите сетила и оправдано го сместува Карлос Руиз Зафон во листата на најпродавани автори, заедно со „Сенка на ветрот“ или „Играта на ангелот“. Случајното запознавање на Оскар и Марина, каде тој вели дека „како крадец не вреди ни пет пари, но како лажго е вистински уметник“, ветува голема романса долж романот.

На почетокот од овој роман, читателот се наоѓа себеси разиден помеѓу вокацијата да искуси љубовна приказна, магија помеѓу двајца тинејџери чија шпанска крв ветува огромна доза на возбуда; се наоѓа себеси заробен во една мистерија, љубовни детали измешани со хорор, едно научно-фанстатично возење низ Барселона! Со примеси на Мери Шели и нејзиниот „Франкенштајн“, со особено стилизирано темпо кое го одржува нивото на заинтересираност на читателот константно високо: ниту премногу долго, ниту премногу филозофско – оваа тинејџ бајка гарантирано ќе Ве забавува и Ве задржи до последната страница. Збунувачки редослед на настани…

Секој има тајна скриена во поткровјето на душата.

15 годишниот Оскар Драи, заедно со својата врсничка Марина и видно постариот уметник Жермен, нејзин татко се обидуваат да ја откријат мистериозната позадина на ортопедската фабрика, која датира од 1940тата; врските кои лебдат во воздухот, од татко-ќерка до момче-девојка едноставно се потчинети на ненадминливата емпатија меѓу трите карактери, во својство на искрени пријатели, затекнати во срцевината на една случајна мистерија. Сонот на Марина да стане исклучителна писателка е овозможен преку нејзино практично применување на талентот додека таа пишува за симпатичниот Оскар, момчето кое тајно ја симпатизира. Жермен, како единствен репрезент на родителската фигура, за себе вели дека единствена причина за живот е неговата малечка Марина, подарок и аманет од никогаш непрежалената сопруга Кирстен, која по волја на судбината, секој ден ја гледа во Марина додека таа расте. Готик ефекти врз база на романтична приказна – ова е приказна која навистина ќе Ве допре.

Уметниците живеат или во иднината или во минатото, Марина. Никогаш во сегашноста.

Kонстатација која го принудува Оскар да завземе став дека секогаш ќе ја дели љубовта на Марина со нејзиниот татко, проклетството или благословот да се љуби една татина ќерка. Воодушевувачка и различна, ова е книга која долгорочно ќе Ви биде тема на разговор! Иако жарнот е збунувачки, бидејќи истата може да се класифицира како мистериозен роман, но истовремено и романтичен, неотповикливо стои согласноста дека љубовта ги покрива сите страници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСуперхикс ве канат на 21-ви роденден
Следна објаваЛакови за нокти кои ќе се носат ова лето!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ