Шокантно научно откритие… заговор на неверојатна брилијантност… трилер различен од било кој што досега сте го читале… Серија на срамни испади кои ветуваат загрозување на политичкиот живот на Соединетите држави на Америка, кога е откриен метеор во внатрешноста на огромна карпа чие уривање на Земјата датира од 1716 година, се поставува хипотеза дека вонземски живот, во суштина, навистина постои. Ситно полиран амалгам на акција и интрига ни презентира Браун во неговиот ремек-трилер: „Мирот на оваа планета нема да биде фалсификуван од страна на воената сила. Тоа ќе биде направено од страна на оние кои реагираат заедно и покрај своите вокациони разлики“.

Кога НАСА сателитски детектира зачудувачки редок објект закопан длабоко во мразот на Артикот, иницијативната вселенска агенција прокламира дефинитивна победа на актуелните заканувачки претседателски избори на опонентскиот нарачател. Да се потврди автентичноста на пронајдокот, Белата куќа ја ангажира Рејчел Секстон, најдобриот американски разузнавач заедно со тим на експерти, меѓу кои и научникот Мајкл Толанд патува кон Артикот и доаѓа до апсолутно незамисливото: докази за научна измама, храбра измама која се заканува да фрли врз светот контроверзен превез заробувајќи ја американската Влада во мрежа на јавни лаги и популистички надежи. Пред тие двајца да успеат да го предупредат Претседателот, обајцата паѓаат во заседа од смртоносен тим на атентатори чие избегнување следува низ маркантно опасни пејсажи и чија единствена надеж за опстанок се крие во откритието кој стои позади маестрално смислениот заговор. Но, барем се заедно на средината од вртлогот на измами.

Вистината која ќе ја откријат, е шокантна измама за сите.

Доказ… беше заклучокот изграден во облик на пирамида од факти, со широка база на прифатени информации базирани врз конкретно формулирани тврдења“ – но што се случува кога на врвот од пирамидата стои едно откритие кое е опасно по популарноста на еден од кандидатите за место во Конгресот? И што кога тој кандидат е всушност г-дин Секстон, таткото на Рејчел?

Никогаш не го потценувајте егото на еден политичар“, во моментот кога претседателот треба да се обрати на нацијата, Секстон сфаќа дека неговата ќерка е единствениот реалист по повод неговата политика, што всушност уште повеќе го прави Браун автор на автентична авантура, убиства, тензија и последователни последици на најголемата измама позната на американската понова историја – самиот читател ќе биде подобро информиран за тоа како фукционира вселенската програма и како политичарите реагираат на новите информации: сосема идентично толкување на научните детали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба на академик Васко Ташковски
Следна објаваСтан од 32 метри квадратни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ