Многу емоции се придвижуваат во човечкото срце кога ќе одлучи да се посвети на духовниот пат. Тоа може да биде благородна причина: како верата, љубовта кон ближниот или за добротворни цели. Или, може да се работи за каприц, страв од осаменост, љубопитност или пак, страв од смртта. Ништо од тоа не е вистинско. Вистинскиот духовен пат и баланс со себе е посилен од причините кои не доведуваат кон истиот. Во моментот кога ќе погледнеме назад, присетувајќи се на почетокот на патот, успеваме да се насмееме на себе – созреавме, иако не патувавме поради залудни причини. Секогаш кога ќе се почувствувате неспособни да го продолжите својот пат, потсетете се на барем една од овие причини.

Без оглед на пречките кои се појавуваат на Вашата патека, наведнете ја главата и одминете ги. Овие пречки не се реални. Тие се само Божји пат, начин на кој Бог Ве тестира. Тој Ве прашува „Дали навистина сакате да живеете или не?““
– Расел Симонс

Ја искористивме осаменоста за да научиме да живеееме во заедница. Го користиме гневот за да можеме да ја вреднуваме бесконечноста на мирот. Во меѓувреме, преку здодевноста се учиме на важноста на авантурата и можноста да се остават работите позади себе. На моменти, преку заморот ја разбираме вредноста на будењето и енергијата. Истовремено, сведоци сме на сопственото разбирање на болеста за да укажеме на важноста на здравјето. Откако ќе се изгориме, ја разбираме важноста на претпазливоста. Понекогаш Бог ја користи смртта за да ни ја покаже вистинската вредност да се живее…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваThe killers со нов спот
Следна објаваФутуристички wellness центар | Parco Acque
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР