Постојат илјадници напуштени простори, кои стојат празни низ соединeтите држави: како пример ќе ги посочиме поранешните трговски центри Walmart кои имаат капацитет на 2,5 фудбалски игралишта, а кои стојат неискористени во насоката да и штетат на животната средина. Но, барем еден од нив претрпи позитивна трансформација во нешто апсолутно неверојатно… Некогаш напуштен простор, денес најголема национална библиотека во САД!

Meyer, Scherer & Rockcastle го селектираа Walmart во Мекален, Тексас; каде 124.500те квадратни метри го направија овој простор најголема библиотека на територија на Америка. Дизајнот ја освои International Interior Design Association’s наградата за 2012 година, за совршено искористениот простор, новиот ѕиден периметар и доданеното стакло на затворените простории со светли архитектонски детали и редици книги. Кратко по пренамената, Walmart бележи раст од 23% по корисничка регистрација – апсолутно оправдано, бидејќи покрај незнајниот број полици, просторот содржи акустичен салон, 6 компјутерски лаборатории, 14 студија, 16 салони за средби, уметничка галерија и кафе-книжарница.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодернистичка приватност | B-OK
Следна објаваCloud atlas | Филм кој ги исполнува очекувањата
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР