Логото говори 1000 зборови за компанијата, а некогаш не чини ништо. Интересна анализа на Stock Logos за цената вложена во изработка на познати логоа кои се дел од нашето секојдневие.

Логото на Coca Cola било изработено од еден од партнерите на создавачот на овој бренд, Frank. M. Robinson во 1886та година за 0 долари. Сепак најдобрите работи во животот се бесплатни.

Иако доживеа најразлични промени низ годините, оригиналното, првично лого на Google е создадено за 0 долари од ко-основачот Sergej Brin во 1998 година на бесплатниот графички програм GIMP.

Логото на Twitter, познатата птица е купена за 15 долари од iStockphoto. Изработена е од артистот Simon Oxley, кој добил само дел, односно едвај 6 долари за својата работа.

Познатото лого на Nike е создадено за 35$ од студентот по графички дизајн Carolyn Davidson во 1971ва година, по задача на ко-основачот Phil Knight, кој одкако го исплатил изјавил: “Воопшто не ми се допаѓа, но можеби ќе почне со текот на времетo.”

Paul Rand го изработил логото на Enron за 33,000 долари вo 1990 година, додека во 1986та година по задача на Steve Jobs го изработил и логото на Next за 100,000 долари.

Логото за Лондонските олимписките игри кои се оддржаа оваа година е изработено од Wolf Olins за 625,000 долари уште во 2007ма година.

Редизајнираното лого на Pepsi е изработено во 2008ма година од Arnel Group за цена од 1 милион долари.

BBC го промени своето лого во 1997ма година за 1,8 милиони долари во минималистички, црно-бел Gill Sans фонт.

Најмногу платеното лого според Stock List е на BP во 2008ма година, кога се потрошени дури 211 милиони долари. Рекламната агенцијата Ogilvy & Mather работела на нивното целосно ребрендирање и ново руво до 2011та година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | 3D оригами цветови
Следна објаваСвршувачка забава | Појадок кај Тифани
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР