Кога планирате да потрошите малку време за себе, со намера да прочитате добра книга за релаксација, целите кон тоа се да биде совршено. Катчињата за читање се дизајнирани само за тоа – обично се наоѓаат во некој агол од просторот или во домашната библиотека, односно во близина на полиците и потребните материјали за уживање. Овој пат, нема да Ви презентираме предлог-наслови за опуштање, туку ќе Ве упатиме на едно мало парче мебел, чија мобилност ветува уживање во книгата каде и да посакате.

Rejon Book Table е масичка во својство на минијатурна библиотека. Дизајнирана за ограничен број на книги, совршена за сончево попладне на терасата или дождливо утро до прозорецот. Иако е наменета за внатрешна употреба, нејзината компактност дозволува да се носи и вон домот, се додека и се гарантира враќање внатре, откако ќе завршите со планираните страници релаксација. Едноставна и модерна, со рамка во форма на две „Х“ парчиња поврзани во средината, каде горниот дел продолжува и оформува облик на дијамант, делумно обложен со црн материјал. Посебно интересно на оваа масичка е што има мини-полица наменета за шолја кафе или чаша вино.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавината на Грди
Следна објаваЗборувај и Купи!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР