114.000 квадратни метри на кои интересно се стационирани нови/рециклирани книги, музика, филмови, видео игри и сл, кои секојдневно привлекуваат илјадници луѓе да поминат низ широко отворените врати на Bookmans, мулти-книжарница која се наоѓа во Аризона, САД. Совршено место за страствените читатели, вистинските гејмери, филмските фанови и музичките наркомани да најдат заеднички јазик согласно нивните вкусови и преференции. Со поддршка на уметноста, музиката и литературата, Bookmans оддава почит на сите големи уметници во сите области, а ова кратко видео говори доста за посветеноста и љубовта кон убавиот пишан збор. Со домино-ефект на нивните наслови, проследете и уживајте во нивниот креативен маркетинг.