Адаптациите на книги секогаш се во функција во текот на секоја филмска година, а 2012тата не претставува исклучок: всушност, обележана е со големи наслови и голем успех. Покрај екранизирањето или правењето римејк на добро познатите класици, Холивуд пружи оживување на големото платно и на понови изданија… па, да ја разгледаме листата на филмови кои би послужиле како предлог за овој викенд (напомена: доколку не сте ги прочитале книгите, а се потпирате само на филмот – верувајте дека сте во голема заблуда).

Игрите на гладните (The Hunger Games) 

Една од најпопуларните серии на тинејџерски книги која ветуваше успех на филмот доколку би се реализирал: еден од најочекуваните остварувања оваа година, не дозволи љубителите на приказната да се разочараат при компарација со книгата. Вешто спакувано и очекувано емотивно, набојот на адреналин наследен од Сузан Колинс, потпишано од режисерот Гери Рос. Во главните улоги се појавуваат Џенифер Лоренс како Кетнис, Џош Хачерсон како Пита, додека Лиам Хемсворт ја има улогата на Гејл.

Хобитот (The Hobbit)

Можеби ќе ни одземе време додека добиеме шанса да ја посетиме Middle Earth, но возбудата не ќе загуби на интензитет – со познатата умешност на режисерот Питер Џексон, неочекуваното патување назад, пред големата сторија за „Господарот на прстените“, вложена е сета верба во Толкин и неговото видување на тие чудни мали суштества, наречени Хобити.

Клетници (Les Miserables)

Технички, премиерата на Иговиот класик е закажана за јануари 2013, но тоа не го оспорува фактот дека се работеше на приказната долж 2012: првиот режисерски проект на Том Хупер по добивањето на награда за Најдобар режисер и Најдобар филм (Говорот на кралот) ветува доста. Со актерски тим составен од Хју Џекмен, Расел Кроу, Ен Хатавеј и Аманда Сејфрајд, овој мјузикл добро ќе се пласира на Оскарите следната година.

Ана Каренина (Anna Karenina)

Џо Рајт, еден од највозбудливите британски режисери, кој во своето резиме може да се пофали со „Гордост и предрасуди“ влече високо очекување оваа есен, повторно со Кира Најтли во главната улога. Заедно со Метју Мекфејден и Џад Лоу, големиот потенцијал на оваа безвремеска приказна на Толстој, ја доживеа својата премиера на 7ми Септември.Погледнете го трејлерот.

Големиот Гетсби (The Great Gatsby)

Големиот Гетсби –  уште еден потенцијален добитник на Оскар ќе биде премиерно прикажан околу Божиќ – режисерот Баз Лурман се прилагодува на Ф.С. Фицџералд, уверувајќи дека овој филм ќе биде вистински хит. Со можност да му го донесе првиот Оскар на Леонардо Ди Каприо, останува да го погледнеме на 26ти Декември.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПомош за седумгодишната Тамара!
Следна објаваДомино од книги | Bookmans, Аризона
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР