Неочекувано изненадување за сите вљубеници во убавиот пишан збор кои себеси се сметаат за дел од категоријата „Сакам книги“ во буквална смисла на зборот – издавачката куќа Сакам книги оваа недела нуди на менито за читање два нови наслови од нивната вредна работилница! Новиот бестселер според Њујорк Тајмс, „Исчезната без трага“ на Шеви Стивенс со промотивна цена од 350 денари, напоредно со четвртиот дел од приказната за Анџела Кларк, „Го сакам Вегас“ по цена од 380 денари (каде во пакет ја добивате „Џени има страшно лоша недела“, гратис). Уште едно изненадување затекнато во новите книги: упатете се на фан-страната на Сакам книги на Facebook и дознајте ги деталите…

И како се тоа да не е доволно прекрасно, периодот од 19ти до 22ри Септември е резервиран за намаление на повеќето нивни наслови, кои одат во тројна комбинација од 900 денари. Да сме на Ваше место, не би чекале да дојде последниот ден од акцијата. Уште во среда – правец во Матица! Почестете се себеси или Вашите блиски со квалитетен трилер или интересна романтична комедија, нема да погрешите што и да изберете.
Ќе Ви честитаме предвреме: со убаво да си читате се што ќе си купите :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Точка од која нема враќање
Следна објаваПомош за седумгодишната Тамара!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР