,,Црвена” (,,Red’’) е две и полминутен анимиран филм од Hyunjoo Song, со модерна нарација на добро познатата детска бајка за Црвенкапа. Ако во првата приказна мајката мораше да ја предупреди најмногу да внимава на волкот, овојпат, таа, на патот до баба и’, заминува наоружана со сопствените стереотипи и предрасуди за него.
Во фокусот е погрешната перцепција која ја стекнуваме за луѓето, при што лесно ги осудуваме оние кои со грубата надворешност, изгледот и првиот впечаток што го оставаат за себе, ни будат чувство на одбивност, без воопшто да се потрудиме да ја запознаеме нивната душа. Од друга страна, ,,паѓаме’’ на милиот и кроток призор, на оние кои зад маската на добродушност кријат лицемерие, злоба и пакост. Понекогаш, зад кожата на волк можеби се крие кротко јагне. Погледнете го видеото и препознајте ја мудрата порака која ја носи.