Malagana Design студиото настапува со едно ремек-дело кое Ви ветува дека ќе им „кажете збогум на сепараторите за книги“, од аспект на нивната реализирана идеја под наслов Еквилибриум, односно рамнотежна библиотека. Со својот интересен аблинеарен дизајн, во облик на коцки боцнати една врз друга под агол од 90 степени, оваа полица е уникатно парче мебел кое го привлекува вниманието поради својата намена до точка на изненадување; и, поради својот изглед, до точка на засмејување.
Достапна во сите нијанси на дрво, каде дури и внатрешноста е оставена на Ваш избор. Способна да издржи дури до 160 книги, организираноста и прегледноста се нејзин ас во ракавот.