,,Мали задоволства” (,,Small pleasures’’) e кус филм сo времетраење од пет минути, дело на грчкиот режисер Constantin Pilavios. Преку суптилен и жив приказ на најубавите, навидум небитни ситници, постепено стигнува до соочување со вистинската суштина на животот. Одеднаш, големата тајна е откриена. Толку емотивна и јасна, што на крајот сѐ добива многу посилна вредност и длабочина. Препознајте ја радоста затскриена зад борбата и потсетете се на малите нешта кои живот значат. Доживејте ја приказната за малите задоволства.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа се чита или не | Дилемата на ѕвездите
Следна објаваBМА 2012 | Адел ги собра наградите, Бибер и Пери ја освоија публиката
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ