00„Една вистина што е кажана со лоша намера, ги побива сите лаги кои што може да ги измислите.“

Едно е сигурно: Трејси Шевалие ужива во создавањето историски реална позадина во нeјзините фиктивни ремек дела. Од „Девојката со бисерна обетка“ на Јоханес Вермер, преку „Дамата и едногорот“ која се’ уште стои во Париз, следува „Пламен сјај“ во чија суштина се позиционира уште еден уметник, а тоа е Вилијам Блејк – сликар, поет, просветител и визионер во радикална смила на зборот.

На заеднички именител во романот е поставена општествена промена. Од средовековен Париз до средовековен Брисел, без особена потреба да се акцентира златното доба на Холандија, каде дејствието се базира на забранет, односно несигурен однос помеѓу двајца млади, во зенитот на индустријализацијата и сиот нејзин анти-сјај. Преселувањето на семејството Келавеј од руралниот Дорсет во капиталниот Лондон на крајот на 18-ти век по страшната загуба на синот, неслучајно ги води врата до врата со познатитот и радикален уметник Блејк. И ново работно место во Естли циркусот. Најмладиот син на Келавеј, имено главен протагонист кој се одликува со наивност и искреност, вистински инсајдер, е комплетна спротивност на девојката од лондонските улици, чиј вулгаритет и бунтовност ја прават вистински аутсајдер. И покрај непремостивите разлики помеѓу младите ликови, истите формираат една нераскинлива врска која полека прераснува во вистинска љубов. Љубов, која подоцна станува главна тема за едно од најпознатите дела на Блејк.

Романот е домаќин на повеќекратна акција, започнувајќи со погребна поворка, испланирано сценарио за циркуз, улична парада предводена од младата бунтовничка, извесни психолошки немири, двојно појавување на бременост и вид на убиство; но, приказната тече совесно и помалку изненадно од останатите романи на Шевалие. Недостатокот на оваа приказна е што читателот очекува поголем мистицизам и адреналин, а добива повеќе правилност и предвидливост. Водечка линија е непредвидливиот тек на врската на русокоскиот Џем и темнокосата Меги и нивниот длабоко опишан премин од невиноста до искуството.

„Пламен сјај“ е вистинско визуелно задоволство – додека Шевалие пишува, читателот ги чувствува прецизните потези со четка на радикалниот уметник и го слуша проклетото уживање на младата блудница. Читателот дури и се гуши во смогот на индустријализацијата додека го конзумира ова дело; сепак, суптилноста изостанува за да добие предност уметничкиот импакт кој Вилијам Блејк го оставил на светот. Импакт кој највеќе говори за невиноста наспроти искуството.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолку вредат парите?
Следна објаваИнтересни скулптури од дрво
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ