Кога нешто завршува, секогаш нешто друго започнува. Поради тоа не постои ни почеток ни крај… Се непрекинато се движи во еден круг. Тој круг се нарекува круг на животот“… кругот на бескрајот, упатува кон Бескраен ум, односно Endless mind: деби-публикација на Ана Костовска, редок репрезент на младоста и мудроста сплотени во едно битие… благодарение на Ана, на македонската јавност конечно и се понуди еден мозаичен збир на мудрости, преточени и на македонски и на англиски јазик кои делуваат во својство на подобрување на психичката состојба, мотивирање и инспирирање за живеење на сопствениот живот според правила кои не упатуваат на вистинскиот начин – “Грижи се за другите но бори се за себеси. Тоа е најбезбедниот начин да ги заштитиш.

Одлично прифатени меѓу читателската публика, младоста и мудроста пред себе поставуваат мисија да ја вратат човечноста како морална особина кај човечкиот род, преку единствената карактеристика која ги изделува од ѕверовите – можноста за општење, комуникацијата и цивилизираниот разговор. Мудрата низа на монологни мудрости на Ана Костовска делува оптимистично и живописно, притоа отфрлувајќи секаква доза на сомнеж, страв или срам: “Не е толку лошо да се засрамиш пред другите, колку што е лошо да се засрамиш пред себеси.” Стилот на пишување е елегантно едноставен и впечатливо разбирлив, што апсолутно придонесува да допре до секој читател подеднакво, да успее во својата мисија: преку симплифицираната краткост на умешно извајаната употреба на стилски фигури, да ни сервира една ретка пишана уметност која подеднакво е добра како за подарок за себеси, така и за блиските околу нас – мудро, едноставно и зрело: „Бескраен ум“ е пишана категорија која не се пропушта. „Немој да се плашиш од сопствената мисла кога допира до непознати места за тебе“… прифатете ја и применете ја! Во спротивно, никогаш не би си дозволиле себеси да увидите за што се сте способни…

Мораш да знаеш каде сакаш да стигнеш за да го дознаеш и вистинскиот пат до таму“ – мора да се убедите себеси дека сакате да ја остварите состојбата на „Бескраен ум“ пред навистина да го сторите тоа. Можеби Коелјо се обиде тоа да го направи преку роман, а Шарма преку животна приказна; но Ана… Ана тоа го направи подарувајќи Ви дел од сопствената душа. Бидете почестени со подарокот.

DIVIAN ARTS денес подарува: 
Споделете во коментар под објавата на нашата фан страна мудрост за животот која Вам Ви се чини применлива. Коментарот со најмногу like-ови ја добива „Бескраен ум“ на Ана Костовска. Добитникот ќе го прогласиме вечерва.
Бидете мудри и верувајте сте Вие сте добитникот!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромотивен перформанс | Парада на марионетките
Следна објаваПрва колекција на мебел на Mercedes-Benz
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР