Фасцинирани од суштината на бестселерот на Сузан Колинс, едни од низата емпатични поклоници на книгата и вљубеници во главните карактерни ликови; покрај редицата гаџети за книги, маици или шолји за кафе (се она во кое уживаат љубителите на книги, а воедно и во неодамнешната екранизација) – Green Wedding Shoes Studio, имено студио-организатор на свадби, кое постои во насока да ги оствари Вашите желби… т.е, во случајов, венчавка во стилот на Игрите на гладните.

Како координативен стилист и организатор, ова студио умешно ги остварува фантазиите на своите клиенти: овој пат, тоа е токму она што се случува со парот кој одлучил својот најголем ден од животот да го доживее во стилот на Игрите на гладните… фотосесија која останува за цел живот, надополнета со маркантни детали од книгата од типот на стрели, типични за главната протагонистка, мокинџеј птици, понуда адекватна на пригодата, но, со примеси на едноставност и основна прехрана, покана на која стојат имињата на Кетнис Евердин и Пита Меларк, свадбена торта која наликува на уметност на природата, зимзелени ефекти и целосна изолација од љубопитните очи; се тоа стационирано на површина која ја означува арената во која се одржуваат Игрите. Апсолутно неконвенционално и дефинитивно различно од традиционалистичкото сфаќање на свадбите, венчавката на овој пат засигурно влегува во историјата како единствена од својот вид. Ние секако веруваме дека додавањето свој печат на најбитните животни случувања со персонален допир, ги прават навистина уникатни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИгрите на гладните – Сузан Колинс
Следна објаваСтан во поткровје
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР