Federico Armando Beltrán Masses (1885–1949) е шпански сликар кој бил роден во Куба. Тој е еден истакнат преставник на првото арт деко движењето во Шпанија, а неговите студии ги започнал на Факултетот за Европска и Шпанска уметност во Барселона но подоцна ги продолжува во Мадрид.
Во почетокот на неговата сликарска кариера сликал пејзаж и фигуративни композоции, но подоцна неговата работа опфаќала само портрети, а особено ќе стане познат неговиот портрет на Рудолф Валентино.
Развил свој уникатен стил на сликање на големи палтна најчесто на убави, секси и бизарни жени со шик (најчесто свилени) фустани надополнети со накит во простор некогаш и пренатрупан со ентериер.Неговите дела се прекрасни колоритни, а собено станува познат по неговата нијанса на длабоко плаво.
За својата работа има добиено бројни награди во САД, Франција, Италија , Белгија и Индија.





















![[Изложба] ‘Остров на осаменост’во Куќата на Робевци-Охрид](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2022/08/FB_IMG_1659547804894-218x150.jpg)








