Како да се спасите од неподносливото жешко време? Совети за сите нас кои не успеавме да побегнеме на море …

Температурите се искачуваат над 35 степени, што е навистина неподносливо. Исклучително треба да бидете внимателни при толку високи температури бидејќи тие можат да бидат фатални за вас и вашето здравје. Бидејќи е следува викенд, многумина ќе заминат на езеро, море или планина.

Ако сте еден од тие кои ќе останаат на жешкиот асфалт овој викенд, ви предлагаме  совети како да се спасите од нив. При високи температури, особено од 10 до 18 часот, не се препорачува излегување надвор, но ние ви препорачуваме да не излегувате пред 20 часот, бидејќи асфалтот зрачи со топлина. Исто така, доколку треба да излезете, носете лесна облека која ја крие вашата кожа од сонцето. Најдобар избор, кога станува збор за материјалите, е ленот бидејќи е лесен и prosирен. Задолжително носете шапка на глава за да избегнете сончаница. Она на што мора да внимавате е да не излегувате директно на сонце од силно климатизирани места, бидејќи ќе доживеете температурен шок.

Внесувањето на течности е клучно. Пијте повеќе вода од вообичаено, бидејќи при високи температури телото се поти повеќе од вообичаено, односно троши повеќе течност, па треба др надополнат.

Кога се однесува до исхраната, не јадете премногу тешка, односно премногу мрсна храна. Вашиот избор нека биде пилешко, мисирка, риба, зеленчук и овошје.

Никогаш, ама баш никогаш не смеете да заборавите да нанесете крема со заштитен фактор при излегување од дома, бидејќи сонцето деновиве е исклучително штетно за здравјето на вашата кожа. Туширајте се повеќе од вообичаено за да се разладите.

Намалете ја вашата физичка активност на минимум. Оставете тешка физичка работа за време кога температурата ќе биде малку пониска, како и вежбање, односно вежби за сила или интензивно кардио. Она што можете да го направите е да прошетате рано наутро или доцна навечер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва лето костимите за капење бикини се хит на плажите
Следна објаваЛетна естетика која не е само тренд – туку начин на живот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ