Колку вода треба да пиете за време на високите температури?
Како и секое така и ова лето е со неподносливи горештини кои не зафатија наеднаш. Врелиот топлотен бран е во полн ек, а жештините се навистина неподносливи и токму поради оваа причина треба да внимавате.
Во текот на летото кога температурите се екстремно високи, треба да консумирате многу течности. Зошто? Бидејќи при жештини или високи температури се потите повеќе или исфрлате повеќе течност од вообичаено, па затоа е неопходно да се надомести изгубената течност.
За време на летните горештини многу лесно може да дехидрирате, па затоа е многу важно да пиете доволно течности. Но, колку течност е доволно?
За време на нормални температури, односно постудени денови, се препорачува да се пие најмалку два литра вода дневно, додека за време на високи температури, оваа количина треба да се зголеми за најмалку еден литар дневно, па затоа при високи температури треба да пиете најмалку три литри течност дневно.