Совршена летна шминка

Во лето, особено за време на неподносливите горештини, сакаме да се нашминкаме што е можно помалку за да ни дише кожата и што помалку да се потиме под шминката.

Сепак, едноставно не можеме да живееме без некои производи, затоа решивме да ја откриеме едноставната рутина за шминкање, која бара минимум производи и која ќе ви помогне да го постигнете изгледот “без шминка” кој сакаме да го носиме во лето.

Потребни ви се само неколку производи за изглед без шминка. Пред да се нашминкате, не заборавајте да нанесете крема со (SPF) заштитен фактор за заштита на кожата од сончевите зраци. По кремот со заштитен фактор потребен ви е лесен “bb” крем кој ќе и додаде боја на вашата кожа и изедначен тен. Неправилностите на кожата се покриваат со малку коректор. Премачкајте ги веѓите со гел за да постигнете ефект на подигнување на веѓите.

Доволно е само малку да ги навиткате трепките. Бронзерот и руменилото се незаменлив дел од летната рутина за шминкање. На очните капаци можете да нанесете малку бронзер или хајлајтер, а на усните ќе ви биде доволен само балсам за усни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлатра модерни флип-апостолки: Hermes Empire
Следна објаваЗабавете го процесот на стареење со овие совети
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ