Музејот во Куманово заедно со македонски реномирани академски сликари организира хуманитарна акција со продажба (он-лајн) на уметнички дела од Синиша Кашавелски, Зоран Јакимовски, Кристина Божурска, Мирјана Крстева Массетти и Гоце Божурски.
Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на тригодишната Теодосија Лазаревска.
За сите хумани луѓе кои сакаат да донираат средства, продажбата ќе биде реализирана на следниот начин:
– Задолжителна резервација на делото со контакт телефон на уметникот (впишан под секоја слика);
– уплата директно на донаторска сметка;
210-501733077127 НЛБ Тутунска банка за Теодосија Лазаревска.
– Доказ за извршена уплата приложена директно на уметникот, уметничкото дело може да се подигне.
Повеќе информации на 071 311 356 и на линкот.