Како правилно да се мијат јагодите за да се отстранат сите пестициди?
На сите им е добро познато дека повеќето овошја и зеленчуци се загадени со пестициди. Пестицидите имаат многу лошо влијание врз општото здравје на вашето тело, толку се лоши што можат да предизвикаат разни видови на рак. Тие можат да имаат долгорочни, нарушувачки ефекти врз хормоните, бидејќи ја попречуваат нормалната функција на ендокриниот систем. Покрај тоа, тие имаат лош ефект врз функцијата на бубрезите.

Јагодите се едно од најомилените овошја, но иако се многу вкусни, докажано е дека јагодите содржат најмногу пестициди од сите останати овошја, што ги прави лоши за нашето здравје. Веруваме дека повеќето јагодите ги миете само со вода, но тоа едноставно не е доволно бидејќи нема да се ослободите од пестицидите. Во продолжение ви откриваме како и со кои производи треба да ги миете јагодите за да ги отстраните пестицидите од нив.

Производите со кои ќе ги отстраните пестицидите од јагодите, ги имате дома, бидејќи за да ги отстраните пестицидите од јагодите потребни ви се оцет и сода бикарбона. Наполнете сад со вода и додадете пет лажици оцет и пет лажици сода бикарбона. Оставете ги јагодите да отстојат минимум 15 минути во водата со оцетот и сода бикарбоната за да се измијат пестицидите од јагодите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да се ослободите од алергиите на сосема природен начин
Следна објаваШто има ново во Mangо?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ