Ви откриваме природни лекови против алергии
Ја сакаме пролетта од безброј причини: повеќе сонце, подолги денови, убаво време, топли температури, а не ја сакаме само поради еден добро познат непријател на повеќето од нас: АЛЕРГИЈАТА.

Со доаѓањето на пролетта, повеќето растенија почнуваат да цветаат, што само значи дека алергиите ќе почнат да не мачат. Кивањето, кашлањето, затнат нос или насолзени очи се симптоми на пролетните алергии, од кои страдаат се повеќе луѓе ширум светот. Иако постојат апчиња кои можете да ги користите за ублажување на симптомите на алергија, не знаеме дали сте знаеле дека можете да ги ублажите и симптомите на алергија на сосема природен начин. Во продолжение ви откриваме како да се ослободите од алергиите на сосема природен начин.

Чај од коприва
Копривата содржи многу хранливи материи, вклучително и железо. Додадете неколку капки лимон за да му помогнете на железото подобро да се апсорбира. Ова ќе придонесе за нормална функција на имунолошкиот систем и ќе ја олесни борбата против алергените.
Масло од црн ким
Маслото од црн ким е можеби најпознатиот природен лек во борбата против алергиите. Црниот ким е природен антихистамин, има антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство, поради што е одличен лек за ублажување на симптомите на алергија.

Витамин Ц
Утврдено е дека витаминот Ц го намалува нивото на хистамин во организмот, ја намалува пропустливоста на клеточниот ѕид и успешно се бори со туѓите материи кои влегуваат во телото, вклучувајќи го и поленот. Покрај тоа, витаминот Ц ја намалува можноста за развој на спазам на бронхијалните премини, што го прави добредојдена помош за ублажување на астматичните напади.
Витамин Д
Докажано е дека витаминот Д може да го намали ризикот од алергии, затоа секогаш кога имате можност изложете се на сончевите зраци, но не заборавајте да ја заштитите кожата со крема со заштитен фактор.

НЕМА КОМЕНТАРИ