Ноктите се многу важни, тие откриваат колку сте уредни и колку се грижите за себе. Неуредните нокти се апсолутно неприфатливи и за мажите и за жените.

Трендовите во светот на ноктите се подложни на промена, но она што останува константно се уредните и чисти нокти. Но, моменталниот тренд во светот на ноктите е италијанскиот маникир. Погоден е за сите оние чии нокти се кратки и упорно не сакаат да растат или постојано се “листат”.
Италијанскиот маникир подразбира уредно и убаво нанесен лак, кој визуелно го издолжува ноктот, што всушност е целта на италијанскиот маникир. Работата е во тоа што најпрво ја кревате кутикулата колку што е можно повеќе, а со четката за лак доближете се колку што можете до кутикулата или кожата околу ноктот, но без да ја допирате. Едноставно потребно е лакот да го нанесете за да оставите простор помеѓу кожата и лакот од страна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскопските знаци како познати слики од историјата на уметноста
Следна објаваJacquemus x Nike: фантастична нова колекција посветена на љубителите на скијањето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ