Имаме совршен предлог за вечера

Доколку не знаете со каков здрав оброк да го завршите денот, имаме совршен предлог. Сите нутриционисти се согласуваат дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и полн со хранливи материи, а ние најдовме еден таков рецепт.

Главната состојка е чиа семето, а тие се добри за нашиот организам поради неколку причини. Богати се со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданси, протеини, но и со манган, магнезиум, фосфор и калциум. Доволна причина да ги станат дел од вашата исхрана.

Што ви треба:

4 супени лажици чиа семе
2 банани
250 мл вода
250 мл млеко
една лажица мед
малку цимет

Изгмечете ги бананите со вилушка, па измешајте ги со сите состојки. Оставете во фрижидер. Чиа семето ќе си го направи своето и ќе го „згусне“ овој пудинг.

п.с. не е за дијабетичари

НЕМА КОМЕНТАРИ