Ви ја пренесуваме листата на најдобрите есенски парфеми кои дополнително ќе ги зачинат претстојните постудени денови.
Со доаѓањето на постудените денови полека ја менуваме гардеробата и рутината за убавина, а се враќаме и на есенските парфеми. Ако не знаете од каде да започнете во морето од новитети, секогаш е добро да изберете миризлива класика која совршено оди со мека трикотажа и подебела облека.

Воздушестите и слатки летни ноти ќе бидат заменети, а подолу ви ги претставуваме нашите омилени мириси за есен 2022 година.

Maison Francis Kurkdjian Baccarat Rouge 540
За допир на светлина во време на пократките денови и подолгите ноќи, изберете  парфем кој содржи длабоки основни ноти на кедар, смола од елка и мошусен килибар омекнати од слаткиот египетски јасмин и кожен шафран.

Jo Malone Pomegranate Noir Cologne
Доцната есен го означува врвот на сезоната на шипинки, а заводливиот и интензивен парфем го комбинира тоа слатко овошје со розов пипер и крин од Казабланка. Со него сите дефинитивно ќе знаат дека сте влегле во собата.

Yves Saint Laurent Opium
Ако сакате силни култни мириси, не гледајте подалеку од Opium. Сензуалниот мирис на силна мешавина од дрвја и раскошни зачини како што се мирото и темјанот е испрекинат со горните ноти на мандарина и јасмин.

Tom Ford Oud Wood

Овој парфем ве обвива со аура на егзотични зачини и кардамон, а потоа ја открива својата богата и темна мешавина на сензуалност. Тој е силен и секси благодарение на неговиот земјен и дрвенест мирисен букет.

Burberry Her
Кога ќе го нанесете овој есенски парфем, веднаш ќе ги почувствувате свежите и овошни ноти. Почекајте околу една минута мирисот да се смести на вашата кожа и до крајот на денот ќе биде поизбалансиран. Топол и малку горчлив, алкалните горни ноти на капини и цреши го прават разигран и забавен.

НЕМА КОМЕНТАРИ