Уште еден во низата интересни  културни настани ќе се одржи во ‘Културно информативниот-центар’ на 18 октомври во Салон Империјал 2. Со почеток во 20.00 часот ќе биде отворена изложба на графики од Ертунч Сали под наслов ,,Look Up”. Поставката ќе биде составена од 20 графики и се изработени во техника линорез. Повеќето од графиките се комбинирани со други техники кои се неконвенционални за графика. Неговиот обид за кршење на правилата во графиката можеме да го набљудуваме во комбинирањето на офсетните бои со спреј бои. Тој со помошта на стенсилот го аплицира спрејот на графиките, како комбинирачка техника. Овој обид за традиционалните графичари е бласфемија, херетизам, но за отворените умови е една нова игра. Сепак резултатите – испечатените графики – не се на истата страна со традиционалистите, туку нудат нова визија. Тоа е суштината на целата изложба.

??‍? Сали Ертунч е роден во 1990 година во Скопје, Македонија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, Македонија, како графичар и графички дизајнер. Своето студио го отворил во Скопје заедно со колегите од факултет, потоа познат како колектив Кула. Неговиот најголем придонес за културната сцена во Скопје беше да биде еден од основачите на колективот Кула и да организира многу културни настани (концерти, изложби, настани за храна и сл.) во Скопје, како и свои изложби.

⌛️ Изложбата ќе биде отворена до 29.10.2022 година.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ