Синергија во времето“ e изложба-уметничко дело на нашиот реномиран автор Страхил Петровски која ќе биде отворена утре на 28 септември со почеток во 19.00 часот во ‘Спомен-костурницата’ во Велес. Истата е дел од манифестацијата „Европски денови на културното наследство“.

?? Фотографии / Приватна архива на авторот.

СИНЕРГИЈА ВО(Н) ВРЕМЕТО

Креативноста на Страхил Петровски секогаш предизвикува рој мултплицирани значења, впечатливи асоцијации, провокативни предизвици, често дилеми; неговите „брзини“ на мислата се непредвидливи, не секогаш докрај дофатливи а резултатот умее напати да биде херметичен. Човек треба да умее да се снајде во неговата уметност. Дури и во „едноставноста“ на неговото сликарство, „акцијата“ некогаш ве зашеметува, ве остава без здив. Но тоа е суштината на уметноста, нели?
Најновата видео инсталација на Страхил насловена ‘Синергија во времето’ е токму тоа: зашеметувачки визуелен „кружен тек“ во(н) времето и просторот, каде не знаете дали сте вие во центарот на движењето или пак движењето иницирано од уметникот едноставно ве зграпчило и ве врти центрифугално и центрипетално низ својата патека, циклично забрзува и успорува оставајќи ви дел од секундата да се ориентирате и видите дел од опкружувањето, за да веднаш потоа повторно фрли во нова рунда вртежи. Можеби и ќе се прашате: каде брза овој Страхил? И зошто и ние мораме да „летаме“ низ времето со него како ставени во оној акцелератор викан синхротрон во ЦЕРН? Низ какви трансмутации намислил да нѐ „прошета“ уметникот и какви менувања ќе предизвика во нашата сушност?
Не мораме, се разбира, да прифатиме ништо од тоа, но уметниците – Страхил особено – „летаат“ и во мислите, за нив реалното време како да не постои а светот, па и уметноста, се само движење, акција, синергија. Страхил, очигледно, молскавично се движи низ времето, минато и сегашно, ги собира во лет импресиите од неговите „патувања“ и ги складира во свеста, или потсвеста, да му бидат при рака кога ќе му затребаат. Ако останеме настрана, ако не го следиме – загубата е наша, ускратени сме од едно несекојдневно доживување на интерполација на едно уметничко дело, ова на Страхил, во друго уметничко дело, она на Суботин, Денковиќ и Мазев, наречено Спомен-костурница во Велес.

?Златко Теодосиевски

Историчар на уметноста и
Куратор на изложбата.

Изработка на плакат: Лазе Трипков

 

СТРАХИЛ М. ПЕТРОВСКИ

Роден во 1974 година во Куманово, Република Македонија, Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал”, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство.
Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како Доцент по предметите фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје.

Контакт:
Адреса: ул. „Моша Пијаде“ бр. 14/7, Куманово, Р. Македонија
Тел: ++389 70 24 63 33
Е-адреса: petrovskistrahil@gmail.com; strahil.petrovski@yahoo.com,
web: www.artmajeur.com/strahil-petrovski; www.saatchiart.com/strahil74

@Страхил М. ПЕТРОВСКИ

 

?Самостојни изложби:

2022 Велес, “Синергија во времето”, Спомен костурница, Велес (видео инсталација), Европски денови на културно наследство (тема: “Одржливо наследство”), Народен Музеј Велес

2021 Скопје, Кинотека на Р. Македонија, Перформанс “Несреден век”

2021 Скопје, Бела ноќ, Градски парк – Школка, “Занемени / Muted”, (видео инсталација)

2020 САД, Њујорк “Action | Reaction | Wor(l)d | Акција | Реакција | Свет | Збор”, Македонски културен центар, Њујорк – МЦ галерија Њујорк, САД

2019 Скопје, „Еха од иднината | Echoes of the future”, НУ Национална галерија на РСМ, Mултимедијален центар „Мала станица“, Скопје

2018 Србија, Белград, „SCHISM” (society, culture, history, identity, sequence, masks), Галерија 73, Белград (Србија)

2018 Париз, Франција, „Urban Echoes | Урбани eха”, Амбасада на Република Македонија во Франција, (Cité des internationale des arts), Париз (Франција), фото инсталација и видеа

2018 Куманово, „Сите бои на џезот”

2017 Куманово,,Идентитети II”, Уметничка галерија – НУ Музеј Куманово

2017 Тетово, „Language of the wall / Јазикот на ѕидот”, НУ Галерија, Стар амам Тетово

2016 Скопје, „Идентитети”, НУ Национална

галерија на Македонија, Чифте амам, Скопје

2003 Охрид,,,Пораки, записи, сеќавања”, Куќа на Робевци, Охрид

2002 Австрија, Виена,,Пораки, записи, сеќавања”, Галерија „Ланг”, Виена (Австрија)

2001 Скопје, „Интимни записи”,

Културно-информативен центар, Скопје

2001 Скопје,,,Крај на векот- Ред / Хаос, Хаос / Ред”, Музеј на град Скопје

1997 Куманово, „Слики и цртежи”,

Уметничка галерија – НУ Музеј Куманово.

Учествувал на повеќе од 80 ГРУПНИ изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство: Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2017, 2019, 2020, 2021, 2022); Охрид (2017); Струга (2021); Неготино (1995); Тетово (1995, 2022); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021); Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горни Милановац, Србија (2000, 2022); Риека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Бугарија (2017); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005); Урбино, Италија (2018); Малезија (2018).

 

??Награди:

1997 Пофалница од Меѓународно жири на СИАБ 97, Музеј на град Скопје

1999 Откупна награда од НУБ,,Св. Климент

2021 Награда “Вангел Коџоман”, Ликовно творештво Мал формат

2021, Културно информативен центар – Скопје

2022 Гран при 19-ти Зимски салон на ДЛУМ 2022, на тема: “Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање”

Охридски“, ДЛУМ – Цртеж ’98, Скопје 2000 Награда „Димитар Кондовски” за сликарство, ДЛУМ – 47. Ревијална годишна изложба, Музеј на град Скопје

2002 Награда „Константин Мазев-Коце” за сликарство, Македонско ликовно творештво мал формат, Културно-информативен центар, Скопје 2018

11,Ноемвриска награда” на градот Куманово од областа на современата ликовна уметност, Куманово

2020 Награда 75 год. ОСТЕН БИЕНАЛЕ на цртеж Скопје 2020 (посебно признание од жири).

2021 Награда “Вангел Коџоман”, Ликовно

Творештво Мал формат 2021, Културно информативен центар – Скопје 2022 Гран при 19-ти Зимски салон на ДЛУМ 2022, на тема: “Повторно поврзување, обновување,

 

НЕМА КОМЕНТАРИ