Шминката е незаменлив дел од секој изглед. Тaa е шлаг на тортата за секоја модна комбинација. Поради неa се чувствуваме поубави и посигурни.
Исто како и во модата, трендовите се менуваат и во светот на шминката, а во продолжение ви пренесуваме што ќе биде популарно оваа есен.
1. Природен изглед
Природниот изглед е во мода веќе неколку сезони. Фокусот е на здрава кожа со совршена текстура, а шминката е минимална и незабележлива.
2. Сјај за усни
Сјајната уста е апсолутен хит. Најпопуларниот изглед се усните обложени со молив и исполнети со сјај.
3. Туш
Остри линии со туш кои ги истакнуваат очите се многу популарни.
4. Акцентот е на руменилото
Руменилата го нагласуваат природниот изглед кој е многу популарен, па не е ни чудо што руменилата ќе бидат во фокус оваа есен.