Како да се зајакне имунитетот во есен …

Со почетокот на есента, мораме посебно да се погрижиме за нашиот имунитет. Витаминските комплекси и чајот од лимон сепак нема да не заштитат од настинки ако јадеме храна која го ослабува имунитетот. Експертите советуваат да се отстранат штетните намирници од менито за периодот на вируси и настинки да помине што побезболно.

Брзата храна го води организмот во вонредна состојба и може да предизвика алергии, но и дијабетес, потсетуваат лекарите и наведуваат дека не се „забранети“ само хамбургерите и помфритот.

„Шеќерот и кондиторските производи го влошуваат имунитетот и создаваат идеална средина за размножување на бактерии. Консумацијата на преработена храна го слаби и одбранбениот одговор на организмот“, потсетуваат лекарите.

Еве кои намирници треба да се вклучат во есенското мени:

Јаболка
Покрај дарежливата количина на витамин Ц, едно јаболко содржи околу 20 проценти од препорачаната дневна доза на влакна, кои можат да го подобрат здравјето на цревата, да го намалат крвниот притисок, па дури и да помогнат во намалувањето на ризикот од гастроинтестинални заболувања и рак.

Цвекло
Задолжително за тие кои вежбаат и луѓето со срцеви заболувања, цвеклото е богато со неоргански нитрат, соединение кое телото го претвора во азотен оксид. За возврат, азотен оксид ги проширува крвните садови, го зголемува протокот на крв и ја подобрува кардиоваскуларната функција.

Калинка
Семките од калинка се преполни со антиоксиданси. Всушност, сокот од калинка содржи повеќе антиоксиданси кои се борат против болести и рак отколку црвеното вино и зелениот чај.

Прокељ
Прокељот го спречува создавањето на малигни клетки благодарение на содржината на сулфорафан, моќна фитохемикалија. Но, за разлика од зелката, прокељот е исто така добар извор на протеини. Една чаша содржи 3 грама.

Костен
Костените се всушност повеќе слични на интегралните житарици отколку на другите јаткасти плодови, како што се бадемите и оревите. Богати со витамин Ц и сложени јаглехидрати, содржат малку масти и имаат помалку калории по грам во споредба со другите јаткасти плодови.

Тиква
Тиквата содржи бета-каротин, кој се претвора во витамин А. Чаша сирова тиква исечкана на коцки обезбедува околу 55 проценти од дневните потреби за витамин А. Тиквата исто така обезбедува калиум и витамин Ц.

Брокула

Брокулата содржи сулфорафан, соединение кое може да заштити од рак. Содржи витамини Ц и К и е богата со растителни влакна.

Круша
Ова есенско овошје е богато со витамин Ц и калиум, кој ја регулира работата на срцето и им овозможува на мускулите и нервите да ги извршуваат своите функции.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEXTREME POWER CITY – SKOPJE TUNING STYLING TEAM
Следна објаваИзложба на младите уметници во Н.У. ‘Браќа Миладиновци’ во Струга
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ