6 години постоење на Автоклубот ‘EXTREME POWER CITY – SKOPJE’ на 25.09.2022-та година. Повелете на нашиот ROOFTOP PARKING на добра забава со музика во живо, изложени модифицирани автомобили и се разбира роденденска торта!

Автоклубот EXTREME POWER CITY – SKOPJE активно функционира во јавноста веќе 6-та година, па по тој повод на 25.09.2022-ра година со почеток во 19:00 часот ја прославуваат својата годишнина на ROOFTOP PARKING во Скопје Сити Мол.
На настанот ќе бидат изложени повеќе од 40 различни видови модифицирани автомобили, автомобили надвор од својата природа. Нешто што не можете да го видите секој ден. Забавата ќе ја движи live band со музика во живо, секој присутен ќе може да се фотографира со автомобилите. И на крај секако ќе се сече и роденденската торта.
Избегајте од една монотона недела по дома и дојдете на паркингот на Skopje City Mall на интересно и забавно дружење.

НЕМА КОМЕНТАРИ