Летото е време кога еден дел го поминуваме на море, што автоматски значи дека консумираме поголеми количини риба и морски плодови.


Рибата е многу здрава храна која има многу придобивки за нашето здравје. Експертите велат дека е неопходно да се јаде риба барем еднаш неделно, а во продолжение ви откриваме зошто е тоа така, или зошто треба почесто да консумирате риба.

1. Честото консумирање на риба може да ви го продолжи животот
Многу истражувања покажуваат дека луѓето чија исхрана вклучува риба и морски плодови живеат подолго. Оние кои редовно јадат риба можат да го намалат ризикот од мозочен удар, депресија или разни други болести.
2. Рибата е извор на здрави масти
Рибата содржи омега-3 масни киселини, кои првенствено имаат благотворно влијание врз здравјето на срцето и крвните садови, а луѓето кои често консумираат риба имаат намален ризик од кардиоваскуларни заболувања.3. Рибата го подобрува варењето
Варењето на храната е многу важен фактор за здравјето. Соединението наречено триетиламин и дава на рибата специфичен мирис и го решава чувството на „мака“ во стомакот по јадењето.

4. Рибата е одличен извор на протеини
Протеините се многу важни за нормалното функционирање на организмот, а рибата е одличен извор на протеини како и на железо, цинк, селен и јод.
5. Рибата е добра за здравјето на очите
Омега-3 масните киселини содржани во рибата можат да придонесат за целокупното здравје на очите.
6. Рибата може да помогне во убавината на кожата
Протеините содржани во рибата се корисни за обновување на клетките на кожата и забавување на нивното стареење. Освен тоа, омега-3 масните киселини ја одржуваат кожата влажна и го спречуваат ризикот од воспалителни процеси.

НЕМА КОМЕНТАРИ