? КОНКУРС

✅ ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, објавува конкурс и ги повикува сите уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА“ за 2022 година.

☑️ Средствата за избраните проектите ќе бидат обезбедени од Град Скопје и Министерство за култура, додека изборот на проектите ќе го изврши комисија формирана од Културно Информативен Центар – Скопје и Град Скопје.

? Заинтересираните страни треба да поднесат апликација со: кратка биографија, опис на проектот и финансиска конструкција на проектот, програма, материјали во врска со проектот (слики кои ќе бидат изложени, фотографии, литературни дела кои ќе бидат промовирани, проекции и сл.)

? Конкурсот ќе трае од 05.07.2022 година до 15.07.2022 година. Потребната документација треба да се испрати на e-mail адресата info@kic.mk.

Извор>>КИЦ – Културно информативен центар-Скопје 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ