Барате нешто што е удобно, шик и модерно во исто време?

Овие минималистички предлози на облека ќе ви помогнат да се чувствувате полежерно во текот на летните денови.

Иако раскошните бои, шарените принтови и привлечните додатоци се секогаш наша прва асоцијација за летото, понекогаш се што ни треба е враќање на минималистичките парчиња неутрални тонови кои лесно се комбинираат и не спасуваат кога сакаме да се чувствуваме удобно во облеката која ја носиме.

За комбинирање, девојките генерално избираат парчиња накит во златна боја, црни очила за сонце и основни кожни чанти или сламени торби.

Шорцевите се задолжително летно парче облека без кои не можеме да го замислиме најтоплиот период од годината. Без разлика дали сте љубител на фармерки или стилови со висок струк, комбинирајте ги со бела кошула или црна маица и ќе добиете совршен минималистички стајлинг.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ