‘Одржлива Мода’ – светски тренд што забрзано расте, и тоа како резултат на огромната загриженост за сочувување на Планетата Земја, за еколошките проблеми кои катадневно се зголемувааат како и глобално затоплување.

Брзата мода, се чини ја прави најголемата штета на планетата ? каде што во брзата потрошувачка, количината и квалитетот не се важни. Со бавна мода, производството на облека се фокусира на почитување на животната средина и нејзиното очувување. Благодарение на фактот што денес имаме достапни информации за големата штета што ја предизвикува индустриска брза мода мода во светот, сите стануваме свесни за важноста од преземање мали чекори, како на пример, пријавување за одржлива или бавна мода.

Модната дизајнерка Ирина Тошева неодамна ја претстави својата нова колекција инспирирана од уникатна идеја. Преку темелно истражување и документирање на заедницата на Јуруците од Радовишкиот регион одблизу, Тошева изработи модни изгледи, инспирирани од женските носии, во соработка со графичкото студио за текстилни дезени Sun Smith од Барселона. Моделите се надополнети со еко-мониста од пластични шишиња, изработени од Елена Арсовска.

За изработката на колекцијата беа користени еколошки материјали со сертификати за составот и етичкото производство, како и дигитално печатење кое не троши вода, направено со еколошки текстилни бои. Беа користени рачни техники на доработка и плетење со памучни конци, инспирирано од техниките кои се користени во носиите на Јуруците од Радовишко. Затоа и колекцијата го носи името „Oya“ што претставува техника на рачна изработка со мониста и конци, која е во исчезнување.

На 21.06.2022 беше премиерно прикажан документарниот филм ‘ЛАТИЦИ’ и новата модна колекцијa ‘OYA’, иновативен проект на македонската најуспешна модна дизајнерка Ирина Тошева. Во овој нејзин проект таа ја чествува шареноликоста на етничките заедници во нашата земја како и културната одржливост во Македонија.

Ирина Тошева (Моден дизајнер)

Заедницата на Јуруците во Македонија опстојува уште од XIV век и останува верна на своите специфични обичаи. Дизајнерката престојуваше одреден период таму и беше сведок на нивниот начин на живот и нивните обичаи и сето тоа со поддршка на КХО на Турците од источна Македонија. Во секојдневни дијалози со локалното население, почитувајќи ја пред сѐ нивната традиција, таа успешно ги преведе елементите од нивните облеки современ моден контекст.

Благодарност до дизајнерката за отстапениот материјал, фото и видео документацијата.

НЕМА КОМЕНТАРИ