Тесните фармерки и панталони полека одат во заборав, а на сцена се вратија кроевите кои не се припиени до ногата, туку напротив се многу широки.

Ако сè уште не сте сосема сигурни како да ги комбинирате, дојдовме до неколку одлични идеи.

Вистина е дека тесните панталони изгледаат одлично во комбинација со одредени видови обувки, како што се чизмите до глужд, додека од друга страна, фармерките со рамни ногавици не се комплицирани за стилизирање, а покрај тоа нудат поголема удобност и честопати и одговараат на речиси секоја форма на телото и ја прави фигурата да изгледа послаба.

Маица – поткошула е исплатливо парче што можете да го носите со многу летни комбинации, од карго панталони до здолништа (Кендал Џенер).

Сако и фармерки се врвна класика и нема да погрешите ако одите на работа во ваква комбинација. Амал Клуни го комплетираше овој изглед со високи потпетици и бел топ – чудесно, нели?

За лежерен летен дневен изглед, нема ништо подобро од комбинација која вклучува удобни патики, основни панталони и маица, како и кошула во случај да се промени времето.

Фармерки со рамен крој + црна маица + старки
Секој што негува безвременски стил поседува квалитетен пар панталони со прав крој и основна црна маичка, а отсега па натаму, задолжителен пар старки кои одат  апсолутносо со сè!

НЕМА КОМЕНТАРИ