Ви откриваме навики кои ќе ви помогнат да ослабете

Не се вели џабе “Во здраво тело здрав ум”.

Сезоната на бикини е пред нас па затоа мораме да ја доведеме линијата во ред, за да се чувствуваме удобно во своето тело на плажа. Исхраната, вежбањето и квалитетниот сон се клучни фактори кога станува збор за слабеење и добра физичка форма. Покрај тоа, важни се малите навики кои го овозможуваат тоа, а во продолжение ќе дознаете кои се триковите кои ќе ви помогнат да ја доведете во ред линијата.

1. Пред секој оброк испијте чаша вода.

2. Спиење, осум часа за да ги регулирате хормоните и апетитот.

3. Пешачете барем еден час секој ден.

4. Секој оброк нека содржи протеини.

5. Јадете 70% здрава храна, а останатите 30% нека бидат храната што ја сакате.

6. Планирајте ги оброците однапред.

7. Соковите, кафето и алкохолот заменете ги со вода и чаеви.

8. Најдете ја физичката активност која ја сакате.

НЕМА КОМЕНТАРИ