Трендовите за убавина се исто толку важни како и модните. Гледајќи во годините зад нас, би можеле да кажеме дека имаше многу различни трендови во светот на убавината кои се менуваа со текот на годините.

Природниот изглед како и природната козметика, но и негата на кожата ги одбележаа изминатите две години, а овој тренд ќе продолжи и во 2022 година. Подолу ви ги откриваме трендовите за убавина за 2022 година.

1. Во 2022 година акцентот ќе биде ставен на природниот изглед.

2. За косата и фризури во 2022 година веќе пишувавме, а накратко се носи волумен како и плетенки.

3. Што се однесува до ноктите, во тренд и понатаму ќе биде природниот облик на ноктите, а најтренди боја ќе биде кафената.

4. Најтренди шминка во 2022 година ќе биде онаа која ќе ја нагласи природната убавина, ќе го нагласи здравиот тен и нагласени “мачкасти очи”.

5. Во последните неколку сезони, густите веѓи беа во тренд, но од оваа сезона акцентот ќе биде ставен на помали веѓи со природен изглед.

НЕМА КОМЕНТАРИ