Најважно е да се храниме здраво. Исхраната на секој од нас треба да биде избалансирана и разновидна.

Постои широк спектар на здрава храна. Риба, зелка, домати, лубеница, ориз, брокула, портокали …

Овие намирници се богати со витамини и минерали кои се важни за нормално функционирање на нашето тело.

Но, дали некогаш сте се запрашале кои се најздравите намирници меѓу здравата храна? Ние ви го носиме одговорот на тоа прашање подолу.

1 Авокадото е совршена храна бидејќи е извор на здрави масти кои содржат многу малку јаглехидрати и многу витамини и минерали.

2. Боровинките се бобинки кои се извор на антиоксиданси и витамин Ц. Бидејќи не содржат многу шеќер, тие се едно од најдобрите овошја за избор доколку имате проблеми со високиот шеќер.

3. Бадемите можат да ви помогнат ако имате проблеми со кардиоваскуларниот систем бидејќи тие позитивно влијаат на холестеролот и ја намалуваат можноста за срцеви заболувања. Бадемите се богати со витамин Е.

4. Карфиолот се смета за една од најефикасните намирници за спречување на рак. Бидејќи е богат со сулфорафани, кои ги спречуваат штетните ефекти на ензимите кои ги „активираат“ канцерогените процеси.

5. Сите знаеме дека јајцата се исклучително здрави, но еве и зошто, тие се извор на протеини, омега 3 и витамин Д.

НЕМА КОМЕНТАРИ