Иако можеби сe уште ги фаќате последните зраци на летното сонце, модните девојки наголемо размислуваат за есента.

Познатите дами ги прифатија трендовите на оваа сезона, почнувајќи од стапалата.

Ностат чизми од сите должини – до глуждот и над коленото, рамни или со потпетици, комбинирајќи ги со винтиџ и парчиња облека од новата сезона.

Бела Хадид покажа како се носи мини ретро фустанот на брендот Comme des Garcons со кожни чизми со врвки, потпишан од Alexander McQueen.

Дуа Липа избра црн модел до колена од брендот Paris Texas, кој го комбинираше со моќен сет Maximilian Davisс – блејзер и кратко здолниште.

Можеби Дуа, ја инспирираше нејзината пријателка Сара Лисандер да ги извади своите гломазни чизми од  Dior и да ги прошета во црна монохроматска облека.

Моделот Еди Кембел ги фаворизира моделите со платформа на брендот Roker Atelier (претходно беше видена со жолта боја на Мет Гала во 2019 година). Оваа сезона, таа избра зелена боја на ретро чизми.

Сепак, кралица на летните стајлинзи во комбинација со есенски чизми е несомнено Ирина Шајк, која за патувањето на Ибица спакува модел на Burberry до бутовите, во нејзиниот куфер.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали некогаш сте се запрашале кои се најздравите намирници меѓу здравата храна?
Следна објаваХејли Бибер е sвезда во есенската кампањата на Jimmy Choo!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ