Супермоделот Хејли Бибер е sвезда во кампањата на Jimmy Choo за есен / зима 2021 година, а ја фотографираше Пјер-Енџи Карлоти. Сензационално и заводливо, Хејли претстави кампања наречена „TIME TO DARE“ и ги прикажува најновите луксузни обувки и додатоци од новата есенска колекција.
Хејли презентира нови дизајни на чизми на Jimmy Choo, високи потпетици, чанти и очила, кои беа одлично стилизирани од Илона Хамер.

„Хејли е олицетворение на денешниот дух на брендот Jimmy Choo- гламурозна, секси, примамлива, смела и самоуверена. Ја сакам нејзината енергија, стил и нејзината вродена самодоверба која доаѓа преку секоја од сликите. Воодушевена сум што успеавме да работиме заедно за да создадеме толку убава кампања “, вели Сандра Чои, креативната директорка на Jimmy Choo.

НЕМА КОМЕНТАРИ