Интересно е како мала промена во домот, може да го направи просторот за живеење посветол и поуреден, а исто така тука е и елемент на менталното здравје – со задоволителна промена во вашиот дом, вашето расположение ќе се зголеми.

Реновирањето на станот и давање личен печат на просторот не е важно само за изразување на сопствениот идентитет, туку има и позитивен ефект врз психата.

Не можеме секогаш да издвоиме пари за реновирање и преуредување на целиот стан, но дури и малите промени можат да направат голема разлика во досегашниот ентериер.

Ви прикажуваме едноставни начини за освежување на просторот кои имаат моќ да го трансформираат и осветли вашиот дом и расположение.

ВИШОК РАБОТИ – НАДВОР!

Отстранете ги неупотребливите работи од работната површина, однесете ја старата микробранова печка на рециклирање, фрлете ја напукнатата шоља, иако ви е омилена …

ШИК ПОСЛУЖАВНИК Почестете се со кафе во кревет со послужавник кој ќе го израдува вашето расположение и целата атмосфера.

СМЕНЕТЕ ГИ МЕСТАТА НА МЕБЕЛОТ Работна столица во спалната соба? Да, зошто да не!

НАБАВЕТЕ СЛИКИ – или врамени постери кои ќе го нагласат вашиот личен стил или можеби содржат некоја мотивациска порака, тие се задолжителни за секој топол дом.

“MOOD BOARD”

Поттикнете радост и инспирација со интересна табла за расположение.

БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ СО БОИ – Внесете бои во вашиот дом, дури и како нов тепих.

ТРИК ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА НАЈДОБРОТО ВО СОБАТА Понекогаш е доволно само едно парче скап мебел или декоративна светилка, што ќе ги фрли во сенка останатите поедноставни работи во собата.

УРЕДЕТЕ ГИ ПОЛИЦИТЕ СО СТИЛ – Од прекрасно наредени полици на самиот почеток до „држачи“ за разни хартии и друг неред, со текот на времето го занемаруваме ова парче мебел. Време е да го смените ова.

ОПЛЕМЕНЕТЕ ГО ПРОСТОРОТ СО РАСТЕНИЈА Покрај тоа што изгледаат одлично во секоја соба, па дури и во бањата, растенијата ни го даваат и скапоцениот кислород.

Користете проsирни тегли со маркери за сортирање зачини и други намирници. Обележените кутии за сортирање на храна се исто така добра идеја во оставата или чајната кујна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХејли Бибер е sвезда во есенската кампањата на Jimmy Choo!
Следна објаваКампања на MICHAEL Michael Kors „Окото треба да патува“- есен / зима 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ