Вечерва одите на долгоочекуван и планиран состанок, но како за инает почнува да ве боли глава … Позната ситуација? За да ја запрете главоболката, би требало да земете  таблета, но планиравте и да пиете и чаша алкохол вечерва.

Дознајте подолу што да правите во таква ситуација и зошто никогаш не треба да мешате таблети и алкохол.

Црниот дроб е филтер на нашето тело. Со негова помош, нашето тело се ослободува од сите токсини. И птиците на гранки знаат дека ниту алкохолот, ниту апчиња, особено во големи количини, не се добри за нашето тело. Тогаш кога во исто во исто време во организмот внесувате апчиња и алкохол, вашиот црн дроб нема да има доволно сила и капацитет да ги отстрани штетните материи што сте ги внеле со конзумирањето н алкохолот и апчињата од вашето тело.

Ако имате главоболка пред однапред планирано излегување за кое сте сигурни дека ќе конзумирате алкохол, не земајте пилула туку обидете се да се ослободите од главоболките на природен начин.

Откривме многу необичен трик во кој се колнат луѓето ширум светот – имено, поентата е во тоа да постојано ја замислувате бојата, обликот и големината на вашата главоболка. Звучи смешно? Го откривме преку вирално видео на Јутјуб на Kamil K. Wawrzyszko, кој иако не е доктор, овој трик тотално му работи!

Чекор бр. 1: Затворете ги очите и поставете си ги овие три прашања: Каде е главоболката најсилна? Која боја е таа? Каква форма е?

Чекор бр. 2: Кажете ги вашите одговори гласно.

Чекор бр. 3: Повторете го овој процес 4 пати.

Како функционира овој трик? Ова е ментален трик кој го поместува фокусот од болната точка и ја ослободува напнатоста на лицето, главата и вратот!

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 модели на очила за сонце кои се хит ова лето
Следна објаваМодни парчиња за најсовремен летен кофер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ