Можеби се мал моден додаток, но имаат големо влијание во постигнувањето на модната динамика …

Атрактивен пар очила за сонце може да ја подигне вашата облека на повисоко ниво. Без разлика за кој стил ќе одлучите (класичните се секога добра опција), не е секогаш лесно да ја изберете адекватната рамка.

Како општо правило, секогаш размислете за обликот на вашето лице. Ако сакате да носите очила неколку сезони, одберете го моделот кој најмногу ви одговара.

На пример, квадратните лица ќе имаат корист од тркалезните рамки.

Авијатичарски и со триаголната форма на очила ќе ги нагласат аглите на лицето во форма на триаголник или срце.

Од друга страна, дамите со поостри црти на лицето може да размислат за квадратна или правоаголна рамка.

 4 врвни трендови од модните писти …

СТИЛ – ТРАНСПАРЕНТНИ

Истовремено футуристички, овие очила нема да ве заштитат од силните сончеви зраци, но тие се совршен трендовски додаток кој ќе ги истакне вашите очи и тен!

Белата рамка е фаворит на сезоната

Ако сакате да се издвоите од толпата, ова е вистински аксесоар за тоа! Кој може да одолее на белите очила за сонце? Дефинитивно ние не можеме!

 

Деведесеттите години – уште еднаш!

Јасна геометрија во микс со вибрацијата на деведесеттите години е токму таа форма која ни треба. Транспарентните очила се омилен тренд, затоа да ја затвориме летната сезона како што треба.

Споени стакла 

Ако вашиот личен стил е порелаксиран и спортски, тогаш овие очила се идеален додаток. Остри линии и геометриски форми се многу автентични и концептуални. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛекции за стилот на кој нè учат Италијанките!
Следна објаваЕве зошто не треба да мешате лекови и алкохол и како да се ослободите од главоболка за 2 минути
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ