Летните одмори се најубавиот период од годината …

Не е важно дали одите на островo или посетувате блиско езеро, бидејќи моментите на релаксација ќе бидат прекрасни каде и да сте. Факт е дека го поминуваме поголемиот дел од денот покрај вода и затоа првото нешто што го ставаме во куферот за одмор без размислување е нашиот костим за капење.

Сепак, некако имаме потреба да останеме елегантни во текот на денот, но во исто време, со себе имаме флексибилни парчиња, кои можат да се комбинираат на многу различни начини.

Значи, без разлика дали се подготвувате за повеќедневен одмор или мали освежителни патувања, откријте ги во нашата галерија сите предмети кои мора да ги имате во куферот за одмор за да бидете модерни, од глава до пети.

ЕДНОДЕЛЕН КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ

Како што споменавме, костимите за капење се првото парче што ни треба, без оглед на нашата дестинација. Но, ако сакате да имате парче со вас кое се комбинира со се  тогаш имаме решение за вас – спакувајте едноделен костим за капење.

Можете да го носите наутро на плажа со кошула или туника, потоа во бар на плажа со кратко тексас здолниште, а исто така имате можност да го изберете за ноќно излегување како боди и да го носите во комбинација со ленени панталони или макси здолниште. Најдете го оној кој ви одговара и ласка на вашата силуета и додајте го во куферот што е можно поскоро.

БЕЛ ФУСТАН

Лесен, со карнери, миди, макси … само се дел од елементите кои доминираат ова лето. Фустаните секогаш треба да бидат на врвот на нашата листа на избор. Белиот фустан ќе не придружува во текот на целиот ден на одмор. Можете да го стилизирате и да му дадете каков било карактер во зависност од модните додатоци. Со апостолки и шарпа, тој е идеален избор за дневни прошетки, додека во комбинација со еспадрили и рафија торба, ќе биде идеално парче за лежерни вечерни прошетки.

ТОРБА ОД РАФИЈА

Тоа е дизајн што најчесто го гледаме во последните сезони и заслужено освои многу важно место во нашите стајлинзи. Спакувајте рафија торба во куферот и не мора да носите друга торба со вас. Експертите и љубителите на модата ни дозволуваат да ја носиме од утро на плажа до вечерни излегувања. Покрај тоа, нејзината неутрална боја совршено оди со сите парчиња во вашиот гардеробер. Од друга страна, ако сакате да направите разлика, не двоумете се да изберете црна рафија торба.

ЛЕН

Не можете да го пропуштите ленот, бидејќи е неопходна ткаенина во текот на летото. По костимите за капење, ленените алишта се веројатно најкорисните и практични предмети што ќе бидат во вашата торба за патување. Изберете ленени бермуди, шорцеви и здолништа и комбинирајте со памучни маици, блузи или големи кошули.

ПАПУЧИ

Покрај апостолките, изберете пар рамни сандали или папучи и не мора да имате други чевли со вас. Се што треба да направите е да набавите модерен пар кој ќе ви помогне да го ажурирате и надградите секој летен изглед.

ЗА ВЕЧЕРЕН ИЗГЛЕД
 
Барем еден вечерен сет е неопходен дури и на одмор. Можат тоа да бидат секојдневни парчиња, кои ќе ги прилагодите на потребите на вашето ноќно излегување. Предлагаме да изберете парчиња кои нема да ве лишат од чувство на безгрижност и удобност. Парео здолништа, големи свилени кошули и бермуди се изборот на врвот на листата.

НЕМА КОМЕНТАРИ