Францускиот бренд Louis Vuitton соработуваше со италијанската дизајнерска куќа Fornasetti и тие презентираа нова колекција за сезоната есен / зима 2021 година.
Комбинирајќи ги класични дизајни на врвниот бренд со архитектонски цртежи, колекцијата е модерна со уникатни и естетски префинети елементи кои ги красат облеката и модните додатоци.
Креативниот директор на брендот Louis Vuitton, Nicolas Ghesquiere уште еднаш го покажа својот талент, додека новите дизајни инспирирани од архитектурата беа снимени во позадина на историски урнатини.
Истакнатите парчиња во колекцијата ја вклучуваат торбата Cannes со монохроматска архитектонска инспирација, како и редизајнираната Petite Malle, со куполен принт, изработена од металик кожа.
Моделите во рекламната кампања, презентираа кадифени фустани и облека со дезени, а самата колекцијата има вибрации и акценти на фантазија, што најмногу се чувствува во краткото видео кое наскоро ќе биде претставено по повод новата соработка.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни парчиња за најсовремен летен кофер!
Следна објаваLe Riviera: Новата Jacquemus чанта во чекор со трендовите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ