Dior страсно живее на француската ривиера …

За тоа сведочи најновата колекција на Dioriviera и отворањето на ресторанот во Сен Тропе: „Dior des Lices“, под кормилото на готвачот Arnaud Donckele, со три Michelin sвезди.

Пристаништето Place des Lices и чинарите се сон на сите фанови на Сен Тропе. Во срцето на оваа градина, веднаш до плоштадот, се наоѓа бутикот Dior и неговиот ресторан Dior des Lices.

Во градината, под сламените перголи се наоѓаат маси украсени со стаклени садови од куќата Dior. Сите простории – продавници и ресторани – се дизајнирани да промовираат љубезност и се совршен израз на современиот луксуз.

Со елегантни материјали и исклучителни ткаенини, атмосферата зрачи со вештина на  изработка, софистицираност и безвременост во согласност со гастрономијата на шефот на кујната.

Arnaud Donckele нуди инвентивен, префинет кулинарски пристап, полн со свежина од локалните производи: топла салата од јастог – печен јастог послужен во тава со бисквит, крцкава зелена салата, варен сезонски зеленчук и рендан суров зеленчук (анасон, аспарагус, грашок, грав, ротквици, моркови …) и ароматични билки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодна инспирација: Стилот на Hailey Bieber кој сакаме да го копираме!
Следна објаваЛекции за стилот на кој нè учат Италијанките!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ