Италијанките се одважни, непосредни, храбри и тоа се одразува на нивниот моден стил. Не ги интересираат правилата, бидејќи имаат свои, па во ерата на фустани и топови, тие ќе се закопчаат до грло.

Тие се водат по слоганот “when in doubt, overdress“, бидејќи за нив, повеќе, секогаш е подобро. Ви ги откриваме клучните стилски моменти по кои се водат италијанските кралици на уличниот стил.

Ова се правилата кои ги усвојуваат и обожуваат!

Тие не ги сфаќаат фустаните толку сериозно

За нив нe постои неудобен фустан, само погрешно стилизиран. Џорџија Тордини совршено покажува како еден елегантен кимоно фустан може да се комбинира со црн топ и фармерки, додека Џилда Амбросио кадифениот макси фустан го комбинира со голем дуксер.

Обожуваат големи прстени

Додека половина од светот е опседнат со XL обетки, Италијанките претпочитаат прстени. Колку е поголем, толку е подобар, a ако има простор на едниот прст, тие додаваат уште неколку парчиња на истиот. Имаат прекрасен накит и не се плашат да го користат!

Дуксери во сосема поинаков контекст

Тие рекоа „да“ за дуксерите, но „не“ за спортскиот стил, така што тие, како и погоре споменатата Џилда, која својот дуксер го вклопи со нејзиниот фустан, и го  романтизира ова парче облека. Често ќе ги гледате како комбининираат дуксер со мини здолниште, нежни фустани и високи потпетици.

Не се плашат да облечат бело од глава до пети

Но, не на крут начин. Тие исто така, овој стил ќе го прилагодат сами на себе, па со елегантниот бел фустан ќе земат тексас јакна или долг ѓердан изработен од црвени перли.

Ретко ќе ги видите во патики

Италијанките се пред сè дами. Според тоа, кога станува збор за обувки, тие секогаш ќе се одлучат за поелегантен пар. Дури и кога избираат патики, секогаш се во склад со облеката која ја носат, па ако се работи за цветен фустан, нивните патики ќе го следат овој деликатен дезен.

Практикуваат монохроматски стил

Нивниот избор секогаш ќе падне на софистицирани монохроматски изгледи во вид на фустан или тотален изглед. 

Никаде без очила за сонце

Ова е додаток без кој Италијанките едноставно не ги напуштаат своите домови. Очилата за сонце станаа составен дел на секој нивен стил, како и на нивниот карактер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСен Тропе: Dior верзија на кулинарско искуство – J’ADORE!
Следна објава4 модели на очила за сонце кои се хит ова лето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ